Заштеда и екологија

Во вкупната количина од потрошеното фосилно гориво, делот потрошен на загревање на станбен и деловен простор не е мал. Во изминатиот период кај нас не се посветувало внимание на топлинско изолираните станбени и деловни објекти наспроти досегашното мислење дека фосилните горива односно енергијата е ефтина, и дека нивното употребување не остава штетни последици на околината.

Меѓутоа, ова последното се покажало како неточно, што во последно време многу го осеќаме, временски прилики и неприлики се секојдневна појава.

Климатските промени се последица на тнр. Ефект на стаклена градина односно испуштање прекумерна количина на CO2 во атмосферата кој се развива од фосилните горива. Според предвидувањата на научниците за очекување е дека со смаленото испуштанје на сепак ситуацијата ќе се врати во нормала. Да би се остварило тоа, неопходно е да се користитат помали количини на фосилни горива.

Наједноставен начин на смалување на испуштање на прекумерна количина на CO2 е смалувањето на количините на енергија потребна за загревање CO2 на станбените и деловните простори, а што е можно да се постигне со примена на топлинската изолација.

ЕПС и екологија

ЕПС представува елегантно решение.Зошто? Зато што за производство на ЕПС се користи многу малку енергија, употребената вода се рециклира, ЕПС не е токсичен затоа што не содржи јагленводород супституиран со халогени елементи (како што се флуор и хлор), затоа што е погонски (експандирачки) плин пентан е неопасен, затоа што е лесен, и затоа што во однос на останатите термоизолациски материјали е поефтин. Со употреба на топлинската изолација директно се влијае на количината на енергија која е потребна за загревање на просториите, значи со подобро изолирање постигнуваме ефект на смалување на трошоците на гориво потребно за загревање на просториите. Можеме да кажеме дека со употреба на ЕПС како топлинска изолација индиректно влијаеме на смалување на емисијата на CO2 во околината и со тоа ја ЧУВАМЕ ПРИРОДАТА.

ЕПС е материјал кој може 100% да се рециклира. ЕПС не го зголемува растењето на микроорганизми, не скапува, не создава мувла, не се распаѓа ; тоа автоматски не значи дека не му е потребна механичка заштита.

Ве молиме , ако во вашето место постојат места за собирање на ЕПС за рециклирање, не ги фрлајте ЕПС плочите на места која за тоа несе предвидени, туку и нас помогнете ни во заедничката цел, а тоа е зачувување на НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ОКОЛИНА.

Затоа со право може да се каже дека ЕПС (стиропор®) нема негативно влијание на околината, токму заради неговите основни примени во градежништвото, а тоа е заштеда на енергенси, можност за негово едноставно рециклирање, кое е едно од најважните услови за учествувањето во заштита на околината.

Kalkulator
  • Контактирајте не
  • Кумал СК д.о.о.е.л.
  • Првомајска бб
  • 1000 Скопје, Р.Македонија
  • Tel.: 389 (0) 2 27 00 595
  • Fax: 389 (0) 2 27 28 743
  • Информации: info@kumal.com.mk