За нас

Кумал СК д.о.о.е.л. е производител на експандиран полистирен (EPS) од 2003 год.

Проценката дека побарувачката на овој производ од година во година ќе биде се поголема и поголема се покажа како вистинита , а тоа и беше една од причините да се одлучиме за производство на експандиран полистирен (EPS). Започнавме да постоиме како Моно Матик д.о.о. се до почетокот на 2008 г. кога станавме дел од една голема хрватска групација КУМАЛ. Од тогаш па наваму препознатливи сме под името Кумал СК д.о.о.е.л. EPS-от го произвдуваме според сите европски стандарди со потврда на квалитет од заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии при универзитетот Св. Кирил и Методиј –Скопје, па разбирливо е и дека нашите купувачи можат да сметаат на одличниот квалитет на нашите производи и без никакви проблеми да ги користат како изолација на фасади, подови, кровови и т.н.

PКарактеристиките на СИМАПОР EPS-от одговараат на барањата на следните прописи: МКС Г.С2.202; МКС Г.С2.410; МКС Г.С2.810;МКС Г.С2.813; МКС Г.С2,814; МКС Г.С2,818; МКС Г.С2,816; МКС У.А2.020 и EN 13163:2001, па поради тоа Кумаловиот СИМАПОР ги исполнува сите побарувања на Македонскиот, Хрватскиот, Српскиот пазар и пазарите на сите земји на EU.

Иако премногу е напишано за овој тип на материјал, EPS-от има најголема примена во градежништвото, сепак во Кумал и понатаму работиме на развој на нови производи, технологии и на едуцирање на купувачите во врска со сите наши производи.

Единствена цел ни е да ја подигнеме свеста на луѓето за големата важност на изолацијата која претставува единствен извор за заштеда. Секој краен потрошувач темелно е запознаен со карактеристиките и начинот на употреба на материјалите од нашето производство. Нашиот тим секогаш е расположен и стои на располагање да одговори на сите поставени прашања од таа област.

Погонот за производството се наоѓа веднаш пред нас.Пинтија спроти фабриката Охис.

> Povratak na vrh |

Kalkulator
  • Контактирајте не
  • Кумал СК д.о.о.е.л.
  • Првомајска бб
  • 1000 Скопје, Р.Македонија
  • Tel.: 389 (0) 2 27 00 595
  • Fax: 389 (0) 2 27 28 743
  • Информации: info@kumal.com.mk